Дали ја имаме новата лестеровска бајка? Лајпциг како Баерн


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Чудото продолжува, Лајпциг ја оствари петата победа по ред и сега го дели првото место со Баерн Минхен.

    Фудбалерите на Лајпциг на домашен терен го совладаа Мајнц со 3:1.

    Чудесниот Лајпциг ја продолжи бајката оваа сезона, запиша седум победи, пет во низа и со 24 бода го дели првото место со Баерн.

    Лајпциг победникот на натпреварот го реши во првото полувреме кога беше 3:0. Два пати Вернер беше стрелец и еднаш Форсберг погоди.

    Во следното коло Лајпциг ќе му гостува на Баер Леверкузен после репрезентативната пауза.