Дани Алвеш не можеше да не го коментира Ел Класико


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Барселона синоќа ја совлада на Сантијаго Бернабе екипата на Реал Мадрид (3:2), а одлучувачкиот гол на натпреварот го постигна Лионел Меси во последните секунди од натпреварот.

Меси уште еднаш докажа дека обожава да игра натпревари против лутиот ривал и тоа посебно во Мадрид.

Аргентинецот својот 500-гол во дресот на Барса одлучи уште едно едно Ел Класико и така ја задржа Барселона во борбата за одбрана на титулата шампион на Шпанија.

После натпреварот Меси доби многубројни пофалби, а без коментар на Дани Алвеш тоа не можеше да помине. Играчот на Јувентус постави фотографија на Меси на својот Инстаграм профил со одличен опис.

„Почитување, само да кажам дека играв со овој мал „насилник“. Ја сакам вашата игра татенце“, напиша Алвеш.