Дајте му го трофејот на Реал, видовме доволно


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона вчера загуби од Атлетик Билбао на Сан Мамеш со 2:1 во првиот натпревар од осминафиналето во купот на кралот.

Иако натпреварот го завршија со два фудбалери помалку, каталонците не успеаа да избегнат пораз, а за тоа виновник е судијата Фернандез Борбалан. Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике мисли дека пропушти да досуди два пенали за неговиот тим.

„Не ни се досудени два чисти пенали, ниту на Нејмар ниту на мене. Но, сите знаеме како оди тоа… Видовме што се случуваше на натпреварот помеѓу Реал и Севиља, а не е ова ниту прв ниту последен пат. Сакаме да играме фудбал, не рулет“, тврди Пике.

Фудбалерите на Барселона тврдат дека Реал го освоил титулата и поради тоа биле разочарани од судијата.