Да не е ова причината за дебаклот на Барселона? Џабе е поседот на топката кога не знаете каде трчате


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Негативен рекорд на каталонците оваа сезона во ЛШ.

Барселона падна. Повторно. Втор пат во низа не победи. Уште полошо, не постигна ниту погодок.

Дали се беше до тактиката на Луис Енрике? Впечатокот е дека Барселона одигра многу подобро од тоа, но овој пат статистиката кажува дека била надтрчана.

Според официјалните податоци, фудбалерите на Барселона во првиот натпревар во ЛШ претрчаа вкупно 99.6 километри што е за десет помалку од фудбалерите на Јувентус кои претрчаа 108.7 километри.

Зошто тоа е важно? Од проста причина што се работи за најлошиот резултат на Барселона оваа сезона. Претходниот негативен рекорд беше поставен во победа против Сити кога нејзините фудбалери претрчаа 101 километар.

Еве колку фудбалерите на Барселона претрчаа во натпреварите од ЛШ:

Селтик (104,1) – 7:0
Борусија Менхенгладбах (112,2) – 2:1
Манчестер Сити (101,5) – 4:0
Манчестер Сити (106,0) – 1:3
Селтик (108,0) – 2:0
Борусија Менхенгладбах (110,2) – 4:0
ПСЖ (105,1) – 0:4
ПСЖ (105,8) – 6:1
Јувентус (99,6) – 0:3