„Да се игра за Вест Хем беше страшно досадно“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сагата наречена „Димитри Паје“ доживеа крај на 30 јануари кога Французинот потпиша договор со Марсеј.

Паје пред самиот крај на епизодата во Вест Хем одби да игра и бараше отворено од лондонскиот клуб да го напушти клубот.

За сума од 25 милиони фунти Паје е продаден на Марсеј, а враќање на Велодром е тоа што и тој сакаше.

Во текот на разговорот за странските медиуми Паје ги објасни причините поради кои се одлучи да го напушти Вест Хем  во кој, до желбата за заминување, уживаше во статус омилен играч меѓу навивачите.

„Да играте за тим каде што приоритет е средината на табелата беше неинтересно и страшно досадно. Ме убиваше поимот кога се игра на бод  и кога сите се подредуваме во дефанзивата.

На луѓето во клубот не беше јасно кога им зборував дека ме пречи да трошам време во дефанзива, а сите знаеја дека можам многу повеќе да пружам во офанзивата.

Играњето во таа улога не беше задоволство“, ја почна Паје приказната и продолжи:

„Ќе ви дадам еден пример. Против Хал поведовме со 1:0 и тогаш се браниме сите и тоа од екипа од која многу сме подобри. Четири пати ја погодија рамката на голот, а ние и понатака се повлекуваме и ги пуштаме да напаѓаат. На крајот ние победуваме, но не сум среќен. Нема причина за славје кога знаеш дека стативата беше играч на натпреварот. Тогаш треба сите да се смириме бидејќи имавме многу среќа“, додаде овој 29-годишен фудбалер.

Откри Паје и дека при одлуката да се врати во Марсеј беше пресудно тоа што екипата ја презеде Руди Гарсија, чиј систем на работа, како што рече, му одговара.