Два пати го победи ракот, сега се сели во Премиер Лигата!

Лестер се далеку од минатогодишното издание, далеку од тоа лудило што минатата сезона се случи.

Минатата сезона ова време беа сензација во премиер лигата, а оваа се на 16то место со 17 бодови после 18 одиграни натпревари, ако вака продолжат ќе се борат за опстанок.

Мора да се засилуваат овој Јануари, а Раниера на располагање има околу 30 милиони евра.

Еден од играчите кои Лестер го означи како мета за овој трансфер период е Франческо Ачерби од Сасуоло кој веројатно ќе ги чини околу 15 милиони евра.