Дебакл на Струмица на домашен паркет – Работнички 2 од 2


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Работнички славеа против Струмица на гости со 68:85 во натпревар од второто коло од македонската кошаркарска лига.

    Првата четвртина гостите ја добија со 21:28. Гостите на полувреме заминаа со предност од 37:45. Струмица беше декласирана во третата четвртина во која постигна 14 поени. Пред последните десет минути од натпреварот кошаркарите на Работнички влегоа со 51:70. Победникот на натпреварот беше решен по триесет минути игра, само не се знаеше конечниот резултат. Работнички на крајот ја запиша втората победа во два натпревари со 68:85.

    Ташовски со 26 поени го предводеше Работнички до победа. Мисановиќ додаде 17, Чековски 13, Илиевски 12 и Мираковски 10 поени. Во тимот на Струмица најефикасен беше Бешовиќ со 16 поени.

    Работнички во следното коло игра против Вардар на домашен паркет, а Струмица ќе гостува во Гевгелија против Кожув.