Девет фудбалери на Барселона одат на трансфер листата


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона зад себе има уште една лоша сезона.

Во Ла Лига мораат да чекаат кикс на Реал Мадрид до крајот на сезоната, а во ЛШ испаднаа во четвртфиналето од Јувентус.

Според Спорт, Барселона има намера да направи реконструкција во овој преоден рок. На трансфер листата би требало да се најдат девет фудбалери и тоа: Арда Туран, Силесен, Пако Алкасер, Рафиња, Жереми Матје, Алеиш Видал, Лукас Дињ, Денис Суарез и Андре Гомеш.

Од друга страна би требало да стигнат две големи ѕвезди, а во првиот ред се Кутињо и Верати.