Дел Боске откри кој му е најдобар фудбалер во Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Реал Мадрид и селектор на Шпанија, Висенте Дел Боске откри кој му е најдобар фудбалер во историјата на кралскиот клуб.

За прославениот тренер тоа е Кристијано Роналдо кој ја освои четвртата Златна топка оваа недела.

„Роналдо е најдобриот фудбалер во историјата на Реал Мадрид и тоа го потврди со рекордите кои ги постави“, изјави Дел Боске.

Дел Боске се пензионираше после ЕП минатото лето каде испадна од Италија во осминафиналето.