Денис Суарез разочаран од одлуката на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денис Суарез повторно се наоѓа во центарот на вниманието откако пропадна неговото заминување во Арсенал.

Суарез со сите сили сакаше да ја напушти Барселона овој месец, но судејќи според се тоа нема да се случи.

Барса преговараше со Арсенал околу Суарез кој Топџиите сакаа да го доведат на позајмица до крајот на сезоната, а ова не им се допадна на Каталонците.

Од Барселона порачаа дека Суарез може да си замине само ако Арсенал сака веднаш да го купи и дека не го праќаат на позајмица. Овој играч беше во конкуренција претходните неколку натпревари, но свесен е дека во Барселона нема да ја добие минутажата која ја очекува.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона дефинитивно го запрела неговото заминување во Арсенал што некако го налути Суарез. Од Барса уште еднаш гласно порачаа дека Суарез може да си оди само ако некој клуб го откупи неговиот договор.