Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бауза и Тите ги објавија списоците за продолжување на квалификациите за Светкосто првенство 2018. година.
Фудбалерот на Јувентус, Гонзало Игуаин е повикан во репрезентацијата на Аргентина за претстојните натпревари во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018. година. Селекторот на Аргентина, Едгардо Бауза го врати Игуаин во тимот после добрите натпревари во Италија и трите гола во трите натпревари за Јувентус.
И селекторот на репрезентацијата на Бразсил, Леонардо Баки Тите се одлучи да ги врати двата мајстори во репрезентацијата, Оскар и Тијаго Силва. Поранешниот селектор на Бразил, Дунга откако ја превзеде репрезентацијата по дебакалот во полуфиналето на Светското првенство 2014. година и поразот од Германија од 1:7, долго време не ги повика играчите на Челси, односно ПСЖ.
Аргентина во квалификациите ќе игра против Перу на 6. октомври и Парагвај 6 дена подоцна, а Бразил против Боливија и Венецуела.