Дербито на Емирати без победник, Меси со два погодоци го среди Селтик, Сити ремизираше против Менхенгладбах


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    И последните шест натпревари од групната фаза во ЛШ од петото коло се одиграа.

    На дербито на Емирати помеѓу Арсенал и ПСЖ немаше победник, 2:2. Кавани му донесе водство на ПСЖ, а Жиру од пенал во 45-та израмни. Комичниот автогол на Верати ги израдува домашните навивачи. Лукас ги постави конечните 2:2. Со денешната победа Атлетико против ПСВ го осигура првото место во групата и обезбеди пласман понатаму, 2:0 Гамеиро и Гризман во второто полувреме беа стрелци во победата на јорганџиите. Барселона исто така обезбеди пласман понатаму со тоа што денeс го совлада на гости Селтик, 0:2. Лионел Меси два пати стрелаше во победата на каталонците.

     

    Лудогорец и Базел одиграа без погодоци, 0:0. Манчестер Сити ремизираше на гости против Борусија Менхенгладбах, 1:1. Рафаел му донесе водство на Менхенгладбах, а во финишот на првиот дел Силва го израмни резултатот. Во второто полувреме на двете страни беше поделен по еден црвен картон, Штиндл и Фернандињо предвреме го напуштија теренот. Наполи на Сан Паоло одигра 0:0 против Динамо Киев.