„Дерби Дела Мадонина“ за играч на Волфсбург


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Убави вести за Рикардо Родригез. Швајцарецот од Волфсбург, кој е предодреден за едне од најголемите ѕвезди на преодниот рок, веќе некое време не го оправда тоа очекување, бидејќи ниту една конкретна понуда не стигна на негова адреса.

    Пишувавме соевремено и за Реал од Мадрид, кој наводно преговарал со неговиот татко, но реалност е таква што Кралскиот клуб не го повика фудбалерот од Бундеслигата. Нова надеж за солидниот Родригез се појави во овие денови, бидејќи миланските гиганти се интересираат за него.

    Милан и Интер се спремни за во јануари да се борат за ангажирање на Родригез, а спортскиот директор на Росонерите Масимилијано Мирабели во живо го гледаше Швајцарецот меѓу Волфсбург и Фрајбург каде што дефанзивецот постигна гол и асистираше во триумфот од 3:0.

    Покрај Милан и неговиот градски ривал е спремен да се бори за ангажирање на Родригез, бидејќи новиот тренер Стефано Пиоли означи купување на лев бек како приоритет за јануарскиот преоден рок.