Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Јувентус ќе го продаде во зимскиот преоден рок Стефан Лихштајнер.
Лихштајнер е во втор план во торинскиот клуб после доаѓањето на Алвеш и Квадрадо.
Неговиот договор истекува во јуни, а старата дама не сака да го продаде на своите ривали.
Црно-белите во текот на летото одбија понуда од Интер иако и тогаш беше познато дека нема да биде во прв план кај Алегри.
Италијанските медиуми соопштија дека Барселона е заинтересирана за швајцарецот и дека Јувентус не би имал ништо против за трансфер во јануари.