Детал кој го промени животот на Марио Балотели


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Моментално игра во Ница, во четири меча постигна пет голови – кариерата му е пред спас.

    Американците го викаат Фром Зеро То Зеро, но кој е деталот во животот на Марио Балотели што ја промени неговата судбина, и суштински од него направи врвен фудбалер (кој уште треба да ја докаже класата)?

    Роден е во Палермо, Сицилија – а дете на имигрант од Гана. Фамилијата се пресели во Бањоло Меља, провинција во Бреша во Ломбардија кога имаше две години.

    Кога наполни три години, поточно во 1993 година е усвоен од страна на фамилијата Балотели, бидејќи неговата биолошка фамилија Барувај немала доволно пари да го храни и да го одгледа.

    Силвиа, мајката е ќерка на фамилијата која го преживеала Холокаустот и Франческо Балотели нејзиниот маж го променија животот на малиот Марио.

    Живееја во Концесио, Бреша на северот од Италија. Во почетокот, кај фамилијата Балотели Марио претстојуваше во текот на работната недела, а за викенд кај својата фамилија Барувај.

    Меѓутоа, подоцна за постојано е усвоен од Балотели.

    Со 18 години доби италијанско државјанство. На 13 август 2008 година после церемонијата Балотели изјави: „Јас сум Италијанец. Се чувствувам како Италијанец. Засекогаш ќе играм за репрезентацијата на Италија.

    Марио Балотели има биолошка сестра и двајца биолошки браќа. Абигаил, Еноч и Ангел Борувах. Браќата истотака се фудбалери. Марио фудбал заигра со 11 години во Лумазане. Првиот професионален договор го потпиша со таа екипа во 2006 година. Пробуваше два пати во Барселона, а Интер го доведе во 2007 година.

    Останатото е историја. Прашање е, дали Балотели ако останеше Барувах – дали воопшто ќе знееше кој е тој? Сепак, двајцата негови браќа ги знаеме само затоа што се негови браќа, инаку…