Детето го потврди интересот: Во Манчестер само ако играм


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Младиот фудбалер на Генк е на радарот на Манчестер Јунајтед и тој тоа многу добро го знае…

    Леон Бејли е во бележникот на многу скаути, а меѓу останатите и скаутите на Манчестер Јунајтед.

    Се работи за крилниот играч на Генк кој има само 19 години и кој веќе на сите покажа дека се работи за исклучителен талент.

    Мурињо го сака во своите редови, но тешко дека сега може да добие време да игра во Премиерлигата.

    Тој всушност тоа го бара за да дојде во Манчестер Јунајтед.

    „Отсекогаш сонував за Премиерлигата. Сепак, ако Манчестер Јунајтед не може да ми гарантира минути, тогаш ќе останам во Генк“, рече тој.

    „Веќе направив голем чекор, но пред мене се голем број на мечеви и морам да направам уште доста чекори напред. Кога и ќе каде ќе заминам? Тоа е работа на мојот менаџер. Кога ќе има нешто конкретно, тогаш ќе седнеме и ќе разговараме“, рече Бејли.