„Де Геа денеска спиеше“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо многу може да биде разочаран и лут после што неговиот Манчестер Јунајтед одигра само 0:0 против ВБА.

Јунајтед имаше добра шанса да стигне до позиција која води во Лигата на шампионите и се очекуваше победа на Црвените ѓаволи на Олд Трафорд, но гостите се бранеа и се одбранија.

Гостите имаа само еден удар во рамките на голот на Де Геа, додека Јунајтед упати 18 удари, од што дури три во рамките на голот на Бен Фостер.

„Давид Геа спиеше денеска на голот“, иронично Моу порача, веројатно со цел да го опише денешниот натпревар. Смета дека гостите стигнале со бункер по бод и дека незаслужено го освоија истиот.