Де Геа од ова лето во нов клуб?

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа најверојатно ќе ја менува средината ова лето.

Шпанскиот голман во 2015 беше на чекор пред трансфер во Реал, но тој трансфер пропадна и Де Геа си остана на Олд Трафорд.

Сепак ова лето би можел конечно да замине на Бернабеу.

„Реал размислува само за Де Геа. Мурињо не сака да го пушти иако е несреќен таму. Во приватен разговор ми рече дека не сака да игра таму“ – изјави еден шпански новинар.