Диего Коста со скандалозна изјава: Бев третиран како Криминалец и сакаа да ме продадт во Кина


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


 

 

Моментално фудбалерот на Челзи, Диего Коста има две опции, да се пресели во Атлетико Мадрид или да остане на „Стемфорд Бриџ“ да биде тивок и да не игра.

Ситуацијата во која се наоѓа играчот воопшто не е лесна, па така тој се реши да ја прекине тишината и да проговори за настанатата тензија помеѓу него, Челзи и Конте.

„Секојдневно чекам Челзи да ме ослободи, не сакам да си заминам, бев среќен овде, но еден ден тренерот ми рече дека не ме сака во неговиот тим и дека мора да си заминам“ – изјави Диего за Дејли Меил.

„Тие сакаат јас да тернирам со вториот тим и да немам никаков допир со првотимците“ – Продолжи играчот.

„Ова што се случува не е фер, јас не сум криминалец, а сепак секоја недела добивам казни. Јасно им кажав дека ако не ме сакаат тие, мојата опција е да се вратам дома во Атлетико Мадрид“ – заврши играчот.