Дипломатски коментар на Мурињо за скандалот со судијата


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед утре го играат големото дерби против Ливерпул во рамките од осмото коло од англиската Премиер лига.

    Голем проблем доведе во англиските медиуми тоа што ФА одлучи главниот судија на тој натпревар да биде Ентони Тејлор. Иако Тејлор е еден од најдобрите англиски судии, проблемот е тоа што тој е роден во Манчестер, поточно живее стотина метри од „Олд Трафорд“.

    Од Ливерпул веднаш го изразија своето големо незадоволство поради овој потег на ФА. На официјалната пресконференција во врска со овој „проблем“ зборуваше и Жозе Мурињо.

    „Мислам дека Тејлор е многу добар судија, но овој потег за него е голем притисок. Ќе му биде многу тешко на Енфилд и мислам дека ова не беше потребно. Имам свое мислење за тоа, но нема премногу да зборувам. Многу пати сум казнет поради што зборував за судиите, така да овој пат не сакам многу да зборувам“, изјави Мурињо.