„Дискусијата е завршена, Кристијано е најдобар на светот“!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Така Зидан го искоментира тоа што се случи во Калдерон. На Роналдо е украден уште еден гол, но и без тоа, никој никогаш не постигна толку голови против Атлетико.

    Момент за историја, во најслабата полусезона во последните три години Кристијано Роналдо го врати ударот, како што и претпоставувавме.

    Неговите броеви се послаби отколку во претходната сезона, но ова беше ултимативен доказ дека ја заслужува „Златната топка“, и Зидан е сосема во право.

    Човекот кој освои европска титула со Реал и Португалија со синоќешниот хет-трик стана и најдобар стрелец во Мадрилења на сите времиња.

    Сега има 19 голови, два повеќе од Ди Стефано, кого го прескокна и како најдобар играч во историјата на Реал, ако се гледаат рекордите. Позади останаа Сантиљана, Пушкаш со 13 и Бутрагењо со 12 голови.

    Роналдо синоќа можеше до покер, со што ќе го срушеше рекордот од 2011-12 сезона кога на Атлетико истотака даде три гола.

    Имено, тој го совлада Облак и четврти пат, топката ја премина гол линијата, но нема технологија, па судијата направи голема грешка.

    На крајот, никој не се лутеше, одлични вести стигнаа од Барселона каде што Малага оддолеа, па Реал има 4 + во однос на Барселона, а Атлетико со овој триумф веројатно го отпишаа од борбата за титула.