Доаѓа големо засилување – Хесе го избра италијанскиот гигант


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер, Хесе Родригез е блиску до потпис со Рома.

23-годишниот фудбалер минатото лето се пресели од Реал Мадрид во ПСЖ за 25 милиони евра, но во Париз ги помина најтешките моменти во кариерата.

Хесе е спремен за заминување, а интерес покажа Рома.

Волчицата со доаѓањето на овој фудбалер би добила нова напаѓачка димензија.

Тренерот Унаи Емери му даваше малку минути на Хесе во ПСЖ. Шпанецот одигра 14 натпревари, но на теренот помина само 368 минути во сите натпреварувања.

Тоа не го задоволи и тој најверојатно во јануари ќе го напушти Паркот на Принцовите.

Интерес за овој фудбалер има и од Ливерпул, Тотенхем и Лас Палмас.