Добар договор на Виљареал – Вложуваш 300 илјади, а ќе заработиш 10 милиони ако Лидс заврши во ПЛ


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во фокус Алфонсо Педраза.

Целиот шпански град ќе навива Лидс да избори пласман во ПЛ бидејќи во тој случај жолтата подморница ќе заработи 10 милиони евра.

За што се работи?

Виљареал денес на второлигашот Луго му плати 300 илјади евра за шест месеци пред предвидениот рок да ог врати од позајмица репрезентативецот на Шпанија до 21 година, Алфонсо Педраза. Само заради 20-годишниот крилен напаѓач да го прати на позајмица во Лидс.

Позајмицата ќе трае до крајот на сезоната, но Лидс има обврска за споменатите 10 милиони евра да го откупи Педраза ако влезе во елитата. Моментално, англискиот клуб е на четвртата позиција.

Педраза оваа сезона блескаше во Сегунда и на 22 натпревари постигна шест погодоци. Поради сето тоа имаше понуда од Ла Лига од Спортинг Хихон, но финансиски за нив беше поисплатливо да го пратат во Лидс.