Добар финиш за победа – Кошаркарите го победија по втор пат Луксембург


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кошаркарите на Македонија во четвртото коло од групната фаза за пласман на Евробаскетот го совладаа Луксембург на гости со 74:82.

Македонските кошаркари започнаа доминантно во првата четвртина и ја доби со осум поени предност, 13:21. Втората четвртина повторно видовме доминација на македонските кошаркари и на два пати имаа предност од 16 поени за на полувреме да заминат со 34:48. Следуваше катастрофална игра на македонските кошаркари и ја испуштија големата предност од првото полувреме. Луксембург се врати во натпреварот и израмни на 55:55. Домашните кошаркари направија и пресврт, два пати во третиот дел имаа по 3 поени предност, но во последните 10 минути влегоја со 1 поен предност, 65:64. Последната четвртина беше неизвесна до пред крајот. Македонските кошаркари во последните минути се разиграа направија пресврт и славеа со 74:82.

Костоски со 20 поени ја предводеше македонската репрезентација до победа на вечерашниот натпревар. Трејвис додаде 18 поени, а Николовски 15 поени. Двоцифрен во нашиот тим беше и Јанески кој постигна 11 поени. Лорен беше најефикасен кај Луксембург со 25 поени, а Мелхер постигна 14 поени.