Добри вести за Русите пред дуелот со Хрватска


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во сабота во рамките на четвртфиналето на Мундијалот во Русија ќе се одигра натпреварот помеѓу Русија и Хрватска.

Рускиот фудбалер Алан Џагојев изјави дека е спремен да игра против Хрватска.

„Имав проблеми со грбот повторно, но сега нормално тренирам со тимот и спремен сум за нтпреварот против Хрватска“, изјави Џагојев на руските медиуми.

Еден од најдобрите руски фудбалери ја повреди ложата на првиот натпревар против Саудиска Арабија, а потоа го мачеа болки во грбот, па ги пропушти наредните три меча.

Него го замени Денис Черишев, кој на натпреварот против Саудиска Арабија постигна 2 гола. Ќе видиме кој ќе добие предност на натпреварот против Хрватска.