Довициозо ја искористи грешката на Роси и победи во Малезија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Возачот на Дукати, Андреа Довициозо победи на ГН на Малезија на патеката Сепанг.

    Довициозо стартуваше од пол позиција, но имаше лош старт. На стартот многу пати се сменаа водствата. Валентино Роси потоа се најде на првата позиција и заедно со Андреа Јаноне им побегнаа на Довициозо, Маркез, Крачло и Лоренцо. Двата италијанците кои водеа битка за првото место се менуваа во водствата. Довициозо круг по круг им се доближуваше. Британецот Кал Крачло падна и Лоренцо стигна до петата позиција. Човекот кој стартуваше од пол позицијата го помина клупскиот колега Андреа Јаноне кој потоа падна и ја заврши трката. Шампионот Марк Маркез исто така падна, но ја продолжи трката и заврши на 12-та позиција. Лоренцо ниту крив ниту должен се најде на подиумот и ја заврши трката на третата позиција. На пет круга до крајот Валентино Роси направи грешка, тоа го искористи Андреа Довициозо кој го помина и направи голема предност. Валентино Роси заврши втор, а возачот на Дукати се радуваше. Барбера заврши четврт, Баз пети, Маверик Вињалес шести. Во топ 10 трката ја завршија Алваро Баутиста како седми, Џек Милер осми, Пол Еспаргаро девети и Данило Петручи десети.

    Трката не ја завршија Андреа Јаноне, Кал Крачло и Јони Хернандез.