„Договорот на Нејмар покажува колку Барса е моќна“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Тренерот на Барселона е воодушевен после што Нејмар потпиша нов договор со клубот.

    Нејмар денеска и официјално го продолжи договорот до 2021 година што е одлична вест за Барса поради тоа што Бразилецот го сакаа ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

    ПСЖ дури на Нејмар понуди огромни 200 милиони евра за петгодишен договор, но Бразилецот се одлучи да остане во Барса.

    „Потписот на Нејмар е огромна вест, најголема во овие денови. Тоа покажува колку е овој голем играч, колку напредува и дека е среќен во Барселона, со своите соиграчи и желбата да освојува трофеи. Секој играч е важно клубот да го сака, почитува, да има добар однос со соиграчите, поготово кога една екипа има толку ѕвезди. Вие тоа не сте во можност да го видите, но најдобро знам колку Барса има силен колектив во соблекувалната и се надевам дека така ќе биде во годините кои надоаѓаат“, рече Луис Енрике.

    Нејмар во Барса стигна во 2013 година и досега освои девет трофеи, по две Примера, Куп на Кралот, Суперкуп на Шпанија, и по една ЛШ, СП за клубови и Суперкуп на Европа.