Додека фудбалерите на Реал Мадрид славеа, Роналдо во Скопје тренираше, но зошто ?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Фудбалерите на Реал Мадрид откако го освоија трофејот од Супер Купот заминаа во соблекувалната на нашиот стадион да слават, а Роналдо и Васкез останаа на теренот и тренираа.

Тренираа заедно со фитнес тренерот на Реал Мадрид Антонио Пинтус, кој има задача да ги врати кондиционо играчите на Реал Мадрид пред Шпанскиот супер Куп со Барселона.

Португалецот стапна на тревникот во Скопје само 15 минути, па затоа мораше да го одработи својот дел и работеше дополнителено пола час со кондициониот тренер.

Многумина мислеа дека Кристијано нема да биде спремен ниту за Супер Купот во Скопје ниту за дуелот со Барселона, но се покажа сосема спротивното и Португалецот се враќа во ритам пред почетокот на новата сезона.