Дожд од погодоци на Селхарст – Ливерпул чекор по чекор доаѓа до врвот


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во последниот натпревар од десетото коло во ПЛ кој што беше денес на програмата, фудбалерите на Ливерпул славеа со 2:4 на Селхарст против Кристал Палас.

    После петнаесет минути игра Емре Чан на асистенција на Алберто Морено ја затресе мрежата на Кристал Палас за водство на црвените. Дефанзивците на Ливерпул направија грешка, а таа ја казни Џејмс МекАртур кој го израмни резултатот. Веднаш стигна и третиот погодок кој беше дело на Дејан Ловрен. Хрватскиот дефанзивец со глава после корнер го врати водството на Ливерпул. Џејмс МекАртур во 33-та минута со вториот погодок на натпреварот повторно го израмни резултатот. Филипе Кутињо се обиде да го врати водството на црвените, но голманот на Кристал Палас фантастично одбрани. Минута пред крајот на првиот дел црвените преку Жоел Матип заминаа на полувреме со водство од 2:3. Филипе Кутињо испрати центаршут, а Матип со глава погоди. На стартот на вториот дел Лорис Каруис се истакна со своите одбрани. Во 74-та минута беше решен победникот на натпреварот. Роберто Фирмињо со лоб ја запечати победата на Ливерпул, 2:4.

    Ливерпул после десет кола има исто бодови со Арсенал кој е второпласиран и Манчестер Сити кој е лидер на табелата во ПЛ.