Доминација и газење на Фени Индустри – Кавадарчани ја размонтираа Тирана за прва победа во БИБЛ


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Фени Индустри во Кавадарци во второто коло во БИБЛ лигата ја декласираа Тирана со 98:57.

    Кавадарчани одлично го започнаа натпреварот. Првата четвртина ја добија со 24:15. Гостите од Албанија се обидуваа да се вратат во натпреварот, но стигнаа до 8 поени негатива на полувреме, 43:35. Следуваше доминација на кошаркарите на Фени Индустри кои му дозволија на Тирана да постигне само 10 коша во третата четвртина за мирна завршница. Фени не се опушти ниту во последната четвртина кога го прегази албанскиот клуб со 28:12 за конечни 98:57 и прва победа во БИБЛ лигата оваа сезона.

    Шарабидзе со 16 поени беше најефикасен во тимот на Фени. Стајиќ и Николовски натпреварот го завршија со 15 односно 14 поени. Кај Тирана најмногу се истакна Џонсон со 18 поени.