„Донарума ме потсети на Абијати во Перуџа пред многу години кога го освоивме Скудетото“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Дали Донарума (17), Локатели (18) и Ромањоли (21) може да бидат основа за формирање на уште еден супертим на Росонерите?

    Извршниот директор на Милан Адријано Галијани беше воодушевен како ретко кога после синоќешниот голем триумф над Јувентус во дербито на Серија А!

    Тој прво привлече внимание од емотивното славје од трибините по завршување на дуелот, а тогаш добро расположен покажа и давајќи изјава за медиумите…

    „Отидов да го прегрнам Џиџи (Џанлуиџи Донарума) после последниот свиреж, но не видов дека неговата рана на овото и понатака крвари и му остана дамка на јакната.

    Не сакам да правам богохулие, но неговата крв е така важна, не морам ова да го перам“, почна во шеговиот тон еден од најпознатите ќелавци во светот на фудбалот.

    „Чувствувам неизмерна радост после ваква победа. Разговарав со претседателот, и тој е воодушевен. Освоивме 16 бодови во последните шест кола. Тоа е неверојатно! А уште е поневеројатно што го победивме Јувентус предводени од 17 и 18 години. Тоа не го може никој на светот.

    Донарума ме потсети на Абијати во Перуџа пред многу години кога го освоивме скудетото. Крвта ми се замрзна во жилите кога Кедира го упати тој шут во последните секунди, но Џиџи беше фантастичен“.

    Галијани често беше на мета на навивачите во последните години бидејќи на Сан Сиро не стигнаа големи ѕвезди како што е славниот клуб се навикна во претходните децении во ерата на Берлускони. Сега делува дека дојдоа неговите пет минути…

    „И ова докажува дека всушност работевме добра работа со нашите младинци. Тука е и Алесио Ромањоли. Во него се само 21 година. Тој  истотака беше совршен, Италија доби дефанзивец за наредните 10 години“, истакна Галијани и подвече дека тројцата споменати момци се добар темел за создавање на нов, моќен Милан.

    Поништен гол на Јувентус, односно на Миралем Пјаниќ, по многумина беше целосно регуларен.

    Меѓутоа, навивачите на Милан сега сметаат дека резултатот е 1:1, поради тоа што пред неколку сезони во дербито е поништен чист гол на Сулеј Мунтари…

    „Тој влезе во соблекувалната синоќа после натпреварот, не не можам да ви кажам што ми рече“.

    На крајот од разговорот со новинарите Адријано Галијани сепак малку ја спушти топката на земја:

    „Во овој момент за нас се оди одлично, немаме никакви проблеми. Многу е подобро отколку во минатата сезона. Но овој пораз Јувентус не го прави помалку добар тим. Тие и понатака се најсилни во Италија, што се однесува до тоа ништо не се менува“.
    Слично мисли и тренерот на Старата дама Макс Алегри. Него поразот не го погоди, меѓутоа, не можеше а да не го спомене судијата Рицоли…

    „Постигнавме важечки гол кој е поништен дури после интервенција и притисок на фудбалерите на Милан. Тоа доведе до тоа за судијата да се посомнева во својата одлука. После тоа фокусот беше на судијата. Се играше под притисок. Но таквите работи се случуваат во фудбалот. Овој пораз за нас ништо не менува. Немам примедби за моите момци, можам само да ги пофалам. Милан беше организиран и дојде до бодови“.