До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Потпретседателот на Милан Адријано Галијани истакна дека 17-годишниот талентиран голман Џанлуиџи Донарума не е на продажба.
Италијанскиот голман блеска на голот на Милан и пред него е без сомнение богата кариера.
Новиот Буфон, како што го нарекуваат во Италија, може да бира каде сака да ја продолжи кариерата, но на Сан Сиро не сакаат ни да слушнат за тоа.
„Се надеваме дека долги години ќе биде дел од Милан. Велите дека може да го замени Буфон во Јувентус? Се шегувате, зарем не? Па тој е играч на Милан и не е на продажба“, откри Галијани на новинарите.
Галијани додаде дека Буфон сеуште е голем голман, но секогаш Донарума може да го дадмине во иднина.















