Дориев и Кочоски за нова победа на Академија Пандев, Еуромилк ја сопре победничката серија на Новаци

    Сите пет натпревари се одиграа од десетото коло од втората македонска лига.

    На домашен терен фудбалерите на Академија Пандев во второто полувреме го средија Вардар Неготино, 2:0. Љупчо Дориев и Валентин Кочоски беа стрелците за новата победа на својот тим.

    Скопје со 2:0 го совлада Љубанци. Двата погодоци беа видени во второто полувреме. Марио Настевски после еден час игра му донесе водство на Скопје, а конечните 2:0 ги постави Малиќ Белули од белата точка.

    Еуромилк на гостувањето кај Новаци ја запре нивната победничка серија. Скопскиот клуб славеше минимално со 0:1. Андриан Чаволи го одлучи победникот на натпреварот во 64-та минута.

    Теодор Фиданоски на десет минути пред крајот на натпревар му донесе победа на Металург на гости против Тетекс.

    Велазерими и Хоризонт Турново одиграа 1:1. Трајче Ефремов во првото полувреме го донесе во водство Турново. Велазерими израмни преку погодокот од пенал на Лутфи Биљали. Домашните фудбалер останаа со фудбалер помалку во 70-та минута кога црвен картон доби Албулен Имери. Гостите тоа не успеаа да го казнат и двата клуба ги поделија бодовите.