Дојдов, видов, победив: Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец од Охрид газеше на Србија опен 2017!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ  Лескоец-Охрид

ВЕНИ ВИДИ ВИЦИ

(дојдов , видов , победив)

Газевме   на  СРБИЈА ОПЕН 2017

Викендов  25-26 февруари  2017 година во Бачка Топола –Србија се одржа  Меѓународен Таеквондо  ИТФ А класа турнир СРБИЈА ОПЕН 2017, на кој учествуваа  32 клубови од 15 земји меѓу кои беше учесник и нашиот Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ  Лескоец-Охрид каде насатапи со 15 натпреварувачи во 2 дисциплини форми и борби,каде насатапија  со резерва пошто е А класа турнир  конкуренцијата е огромна и на секој ваков турнир има претставници од врвот на ИТФ.

На овај турнир учесници имаше од  Македонија, Бугарија , Грција, Србија, Романија, Унгарија, Хрватска, БиХ,Словенија, Австрија, Чешка, Словачка,Молдавија , Велика Британија , Италија.

Нашите натпреварувачи и покрај огромните судиски неправди, успеаја да освојат 25 медали, од кои 6 златни, 7 сребрени и 12 бронзени, и пехар за 3 место најдобар клуб  на овај турнир.

На овај турнир отидовме во најдобра форма, само две седмици пред овај турнир имавме семинар со еден од најдобрите мајстори во светот Гранд  Мастер Ким Унг Чол црн појас  IX дан, и ефектот од тој семинар севиде на овај турнир.

Имавме прилика да гледаме во форми  македонско финале јуниори за зелен појас помеѓу Давид Велковски и Антонио Јанески, кои во кокуренција од 17 такмичари зедоја прво и второ место.

Истотака имавме прилика да гледаме македонско  полуфинале и финале на деца до 14 години жолт појас  во кокуренција од 24 такмичари, каде во полуфинале Климент Кузманоски го победи на Филип Трифуиноски , а во финале истиот го победи и на Давид Крстески кој се натпреваруваше во две категории деца до 10 години и деца до 14 години.  Хриситјан Митрески имаше чест за него да навиваат претставници од Грција  кои  беа восхитени од неговата храброст и техника ,во кокуренција од 19 такмичари во негова категорија , стигна до финале, и во финалето беше оштетен видно од судиите при што и Грците поднесоа протест до судиите, чувството кога спортот е поважен од политика е неописливо .

Исто можеме да се пофалиме дека нашите натрпеварувачи дадоа  неколку нокдaуни во текот на борбите со атрактивни удари при што сите го искажуваа своето воодушевување.

Овај турнир ќе го паметиме по извонредното претставување на нашите натпреварувачи  кои сите дадоа максимум од себе  и направија да бидеме центар на внимание на новиот секретар  на ИТФ Мастер Ким сунг Хван, кој лично неколку пати се поздрави и упати честитки до нашиот тренер Марјанчо Лазаревски , и лично изјави дека сме едни од ретките клубови со огромен прогрес , а сето тоа наравно се должи на нашиот генерал спонзор ПН МЕТАЛ.

Ова ни е трет натпревар каде сите натпреварувачи се закитуваат со медал, а прв А класа турнир каде нашите натпреварувачи  се закитуваат сите со медал.

На овај турнир  бевме оштетени за неколку медали и за уште еден пехар, доколку  беше судењето како што треба  Давид Крстески требаше да биде прво место во борби и форми во негова категорија, каде беше видно оштетен при што судиите беа исвиркани од публиката, а со тоа требаше да земе повторно пехар за најдобар млад натпреварувач, Хриситјан Митрески беше оштетен во финале борби, Елена Јанеска беше оштетена ушете во прв круг во форми, Антонио Јанески беше оштетен во полуфинале  борби, Филип Трифуноски во финале  беше оштетен во финале борби, Климент Грозданоски беше оштетен во полуфинале борби, Миле Климоски беше оштетен во четврт финале борби, Тамара Велјаноска беше оштетена во полуфинале борби ,исто така се обидоа да му го земат и златниот медал на Филип Јосифоски кој двапати го нокаутира неговиот противник , и судиите беа толку дрски што извадоа нерешен резултат, и по големата врева и негодоување на продолжението беа присутни сите делегати и заслужено го зеде првото место.

Можеме да кажеме дека на овај турнир организацијата беше  со многу пропусти и беше најлошото судење досега  видено на еден ваков натпревар , пристрасноста беше поважна кај судиите отколку  исправните одлуки, на домаќините им беше поважно тие да го земат првото место отколку да се погрижат да биде се регуларно,поради лошото судење  бевме видно оштетени , доколку беше судењето регуларано требаше да го земеме првото место за најдобар клуб  на овај турнир.

Иако бевме видно оштетени сепак ова е нашиот најголем успех досега потигнат на било кој турнир, и се надеваме дека ќе успееме повторно да го направиме тоа што го направивме овај викенд. За сите овие огромни успеси на нашиот клуб е најзаслужен нашиот спонзор ПН МЕТАЛ, кој секогаш е зад нас и не турка во нови успеси.

Најголеми инзненадувања на овај турнир се Марио Крстески кој освои прво место во борби деца до 14 години -35 кг и трето место форми жолт појас

Хриситјан Митрески 2 место борби деца до 14 години + 60 кг и трето место форми зелен појас

Филип Трифуноски 2место борби деца до 14 години -55 кг и трето место форми жолт појас

други освојувачи се Давид крстески второ место форми жолт појас деца до 10 години, второ место борби деца до 10 години 30 кг, второ место форми деца до 14 години жолт појас,

Елена Јанеска девојчиња до 14 години -50 кг трето место борби.

Антонио Јанески јуниори -51 кг трето место борби, второ место форми зелен појас.

Давид Велковски јуниори форми зелен појас прво место, борби -51 кг трето место.

Божидар Димитриевиќ деца до 14 год, +60 кг борби трето место.

Василија Јовчески јуниори -57 кг борби трето место.

Христијан  Деспотоски сениори -64 кг борби трето место.

Миле Климоски сениори форми син појас прво место.

Тамра Вељаноса јуниорки -52 кг борби трето место.

исто Христијан Деспотоски сениори борби жолт појас прво место.

Филип Јосифоски сениори второ место форми црн појас први дан, борби -64 кг борби прво место.

Климент Грозданоски сениори +85 кг борби трето место

Климент Кузмансоки деца до 14 години, прво место форми жолт појас и трето место борби -40 кг

и пехар за најдобар клуб на турнирот трето место.