Дрогба: Мурињо со Сити би ја освоил Премиер лигата два или три пати


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо е изложен на големи критики во британската јавност поради резултатите кои ги бележи Манчестер Јунајтед оваа сезона.

Иако многумина веруваа дека Црвените ѓаволи конечно ќе се борат за титула, сепак после 12 одиграни кола тимот на Мурињо е дури на осмото место со над 10 поени помалку од првопласираните Манчестер Сити.

Неретко може да се видат натписи дека во Манчестер Јунајтед размислуваат за промена на тренерската позиција, но легендарниот напаѓач Дидиер Дрогба смета дека португалскиот стручњак и понатаму е вистинскиот избор. Тој смета дека доколку Мурињо преземе клуб каков што е Манчестер Сити освојувањето на неколку титули е неминовно.

,Сигурно би ја освоиле Премиер лигата два или три пати”- изјавува Дрогба, а неговите зборови ги пренесува Скај Спортс.

Дрогба и Мурињо соработуваа во Челзи од 2004 до 2007 година, а токму Мурињо е заслужен за неговиот трансфер од Марсеј вреден 24 милиони фунти.