Дури и Гвардиола се восхитува на еден тим од Премиер лигата


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Сити играат одлично на почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

    По првите шест кола, тимот кој го предводи Пеп Гвардиола има максимален ефект и се наоѓа на првото место на табелата. Зад нив е тимот на Тотенхем, кој има само четири бода помалку.

    Токму овие две екипи ќе се сретнат во Лондон, но Пеп Гвардиола пред овој натпревар го пофали својот противник.

    Тоа е екипа која сака да игра и да доминира. Да, би сакал да играм како Тотенхем. Покетино го знам уште како играч, а денеска е еден од најдобрите менаџери во светот“, изјави Гвардиола.

    Утрешното големо дерби во Премиер лигата започнува од 15:15.