Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со победата во финалето на УС Опен, Новак Ѓоковиќ стигна до третиот трофеј на последниот Гренд Слен оваа сезона.
Во своето осмо финале на УС опен, Ноле го совлада Дел Потро па од понеделник ќе биде трет на АТП ранг листата, веднаш зад Надал и Федерер.
Ова му е 14. тросфеј на Гренд Слем турнирите, па сега може да се каже дека стои рамо до рамо со легендарниот Пит Сампрас кој освои исто толку титули на најголемите турнири.
Пред Новак по број на Гренд Слем титули остануваат Федерер (20) и Надал (17).
Триумфот на УС Опен му овозможи на Новак да го премине Федерер и повторно да го завземе првото место на листата на тенисери со најголема заработка од турнир.
Ѓоковиќ стигна до неверојатна бројка од 3.8 милиони долари инкасирани исклучиво од наградата на турнирот.