ЕвроБаскет: Полска лесно го совлада Исланд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


 

Полската репрезентација покажа сила и знаење во мечот од второто коло во фазата по групи, совладувајќи го Исланд со 30 поени разлика.

 

Во натпревар кој немаше воопшто резултатска неизвесност, Полска го совлада Исланд со резултат 91-61.

Адам Вачински беше најдобриот играч на теренот, како што и се очекуваше. Тој уфрли 15 поени и фати 6 скокови, а скоро половина од неговите поени дојдоа од слободни фрлања. Покрај него, во составот на Полска се одвои уште и Понитка, кој имаше 8 поени и 10 скокови.

Во противничкиот состав Вилхјамсон беше најефикасен со 15 поени, но тоа не беше доволно за да ја остави во игра репрезентацијата на Исланд.