Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите пет натпревари се одиграа од осумнаесетото коло од македонската прва лига.
Вардар и Силекс на Телеком Арена ги поделија бодовите, 1:1. Само после две минути игра Кристијан Филиповски му донесе водство на Силекс. Од слободен удар бразилецот Фелипе постигна фантастичен погодок за израмнување. До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, 1:1.
Шкендија минимално го совлада битолски Пелистер, 1:0. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Арменд Алими во 49-та минута за победа на тетовчани и приближување на четири негатива во однос на лидерот Вардар.
Македонија Ѓорче Петров славеше со 0:2 во Чаир против Шкупи. Ален Јашароски во 6-та минута погоди за водство на Ѓорче Петров. Домашните Шкупи останаа со фудбалер помалку после дваесет и осум минути игра кога Траоре доби директен црвен картон. После црвениот картон за домашните, гостите постигнаа уште еден погодок кој беше дело на Михајло Јакимоски за конечни 0:2.
Ренова ја совлада Победа на гости со 0:2, а стрелец на двата погодоци за Ренова беше Арѓент Гафури.
На натпреварот Брегалница – Работнички не беа постигнати погодоци.
Денешното коло беше последно од есенскиот дел од сезоната 2016/2017 во првата македонска фудбалска лига.