Един Џеко ја реши Пескара за три минути на Олимпико – Одлична мотивација пред градското дерби


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Рома славеа со 3:2 против Пескара во натпревар од четиринаесетото коло од Серија А.

    Во период од три минути напаѓачот на Рома, Един Џеко постигна два погодоци за 2:0. Голманот на Пескара потоа му одбрани шут на Раџа Наинголан. Пред крајот на првото полувреме Пероти нафрли, а Џеко шутираше со глава непрецизно. Мемушај во 60-та минута погоди за намалување на водството на Рома. Кресчензи направи прекршок во казнениот простор, а Рома заработи пенал. Диего Пероти ја намести топката на белата точка и ја затресе мрежата. Три минути подоцна Капрари повторно ја намали негативата на Пескара на 3:2. На крајот Рома славеше со 3:2 и им се врати на победите.

     

    Рома во следното коло го игра градското дерби против Лацио на Олимпико, а Пескара на домашен терен ќе го пречека Каљари.