„Еднаш ја одбив Барселона  и повторно ќе го направам истото“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот англиски одбранбен фудбалер Сол Кембел најдобрите играчки денови ги помина во дресот на Арсенал, а познат е по тоа дека играше и за лутиот градски ривал Тотенхем.

Кембел беше стандарден во првиот тим на Арсенало, и важи за еден од најдобрите одбранбени играчи во Премиер лигата.

Јавноста го запамети по тоа што дресот на Тотенхем го замени со тој на Арсенал, што навивачите од Вајт Харт Лејн никогаш нема да му го простат.

Сепак, се покажа дека тоа беше добар потег бидејќи со Арсенал освои се освен Лига на шампионите.

Имаше шанса во 2006 година да дојде и до тој трофеј, но Арсенал е поразен во Париз од Барселона со 2:1 после неверојатен пресврт.

Кембел за англиските медиуми изјави дека имаше шанса да игра за Барселона, но дека го одбил тој трансфер.

„Можев да преминам во Барселона додека уште бев играч на Тотенхем и бев навистина на искушение. Дури и одлучив да одам во Барса, но тогаш дојде понуда од Арсенал која се промени. Не погрешив што го избрав Арсенал и да имав повторно иста ситуација повторно би го избрал Арсенал“, рече Кембел.