Ел Локо руши светски рекорд – За 22 години играше за 23 клуба во девет различни држави! Вкупно 28 трансфери


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Себастијан Абреу не сака да остане во еден клуб.

    Многу не сакаат да се преселуваат, но тоа не е случај со уругваецот, Себастијан Абреу. Неговиот последен трансфер е во бразилскиот нисколигаш Бангу, а со тоа го руши светскиот рекорд бидејќи ова му беше 28-ми трансфер по ред во неговата долга кариера.

    Абреу чиј прекар е Ел Локо сега е 40-годишен напаѓач кој за 22 години играше за 23 различни клуба во девет различни држави. Најдолго се задржа во Ла Коруња, шест години, а има играно во Уругвај, Мексико, Аргентина, Шпанија, Ел Салвадор, Бразил, Парагвај, Израел и Грција.

    Во кариерата Абреу има играно за: Дефенсор, Сан Лоренцо, Депортиво Ла Коруња, Гремио, Текос, Насионал, Круз Азул, Америка, Синалоа, Монтереј, Сан Луис, Тигрес, Ривер Плата, Беитар Јерусалим, Реал Сосиедад, Арис, Ботафого, Фигуиренсе, Росарио Централ, Аукас, Сол Де Америка, Санта Телка, Бангу.