Емери: Нормално е тоа што Мурињо доби отказ, Јунајтед е сега друг тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Унаи Емери пред вечерашната средба во четвртото коло од ФА купот против Манчестер Јунајтед порача дека Црвените Ѓаволи се друг тим откако ги превзеде Солскер.

Арсенал и Јунајтед ќе го одиграат првото дерби во оваа фаза од натпреварувањето во ФА купот.

Шпанскиот стручњак кажува дека Јунајтед е тим кој во моментот игра со далеку поголема самодоверба отколку во последниот пат кога се сретнаа на Олд Трафорд, каде што натпреварот заврши 2-2.

„Нормално е тоа што Мурињо доби отказ. Не бев изненаден. Тимот има одлични фудбалери, а изгубија премногу бодови. Во овој момент Јуанјтед е многу опасен и е во добра форма. Ова сега е друг тим, има многу повеќе самодоверба. Морам да ги изберам најдобрите 11, бидејќи ќе биде неопходно да го дадеме својот максимум“. изјави Емери.