До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона во ова лето имаше неколку опции кога е во прашање четврт напаѓач во екипата.
Со оглед дека тој веројатно во текот на целата сезона ќе ја грееше клупата покрај незаменливите Суарез, Нејмар и Меси, речиси никој не сакаше тоа да го работи, па Каталонците се најдоа во проблеми.
На крајот го доведоа Пако Алкасер од Валенсија, но тој не беше прва желба. Луис Енрике сакаше да го ангажира феноменалниот Аргентинец од Јувентус, Дибала, за кого понудија дури 90 милиони евра.
Сепак, Јувентус се одлучи за без многу размислување да ја одбие таа понуда и порачаа на Барселона дека Дибала не е на продажба.















