Енрике: Модриќ не е најдобар на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Модриќ е кандидат за најдобар фудбалер во светот, но селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике сметка дека Хрватот не го заслужил ова, бидејќи не е најдобар.

„Ако зборувам за Хрватска, тогаш ќе коментирам за Модриќ и Ракитиќ, но ако ме прашате кој е најдобар на светот, тоа е Меси, а не Модриќ“, рече Луис Енрике, кој долго време му беше тренер на Аргентинецот, па ваквите коментари не се за чудење.

За Хрватска, Енрике има многу позитивно мислење.

„Очекував да бидат само добри на Светското првенство. Нивните играчи се многу квалитетни, се бранат и напаѓаат како тим и играчите баш се жртвуваат на теренот. Меѓутоа, наше е да одиме на победа иако знаеме дека таму не чека тежок натпревар“.

Мечот помеѓу Шпанија и Хрватска се игра утре во Елче со почеток од 20.45.