Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона и Борусија Менхенгладбах вечерва го играат последниот натпревар од шестото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.
Менаџерот на Барселона, Луис Енрике не е премногу заинтересиран за овој натпревар и вели дека неговиот тим има морална обврска да одигра добро, но дека победата не му е важна.
„Резултатот во овој натпревар не е важен, но имаме морална обврска да одиграме добар натпревар. Како што сите знаат, победата е најдобриот лек во фудбалот и таа ги лечи сите болести. Меѓутоа, не ми е грижа за победата, бидејќи секако сме први“, изјави Енрике.
Исто така, тој откри дека Мести вечерва ќе го започне натпреварот бидејќи екипата мора да се поддигне по ремито против Реал.