Енрике обвини двајца играчи за заминувањето од Барса


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот стручнак Луис Енрике ја напушти клупата на Барселона после што му истече договорот со каталонскиот клуб.

Поради лошите резултати во оваа сезона челниците на Барселона не се одлучија да понудат нов договор на Енрике, а наместо него на тренерската клупа стигна Ернесто Валверде.

Енрике имаше две многу успешни сезони со Барса каде што освои се што можеше да се освои.

Меѓутоа, во оваа сезона шпанскиот стручнак на Барса донесе само титула во Купот на Кралот каде што не ги воодушеви челниците на клубот.

Шпанските медиуми објавија денеска дека Енрике сакал да остане во Барса, и дека на крајот обвинил двајца играчи поради тоа што не доби нов договор.

Наводно, Енрике јасно порача дека Лионел Меси и Нејмар се виновни што тој веќе сега е поранешен тренер на Барса.

Шпанскиот стручнак верува дека овие ѕвезди на Барселона најмногу разочарале во оваа сезона, а поготово тоа се однесува на Нејмар.