Енрике „полуде“ на прашањето: Не го знаев тоа и не ме интересира


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанците предводени од Луис Енрике ја разбија вчера Хрватска со убедливи 6-0.

Некогашниот тренер на Барса после натпреварот беше горд на успехот на своите момци против светскиот вицешампион, но едно нивнарско прашање посебно го изнервира.

Поточно, се однесуваше на тоа дека дури шест фудбалери на Реал Мадрид го започнаа мечот.

„Не го знаев тоа и не ме интересира. Ова е репрезентација на Шпанија, не гледам воопшто кој каде игра, така да не ми е важно дали се играчи на Реал или Барселона. Минутажа ќе има оној кој е најдобар“, порача Енрике.