Еусебио Ди Франческо не чекаше долго за првата понуда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пораншениот тренер на Рома, Еусебио Ди Франческо може многу брзо да пронајде нова работа.

Да потсетиме, Ди Франческо пред неколку дена доби отказ на клупата на Рома после излегувањето од 1/8 финалето во ЛШ, а го наследи Клаудио Раниери.

Сепак, се чини дека популарниот ЕДФ нема долго да чека за нов ангажман бидејќи италијанските медиуми пренесуваат дека наскоро тој ќе ја превземе клупата на Фиорентина.

На моменталниот тренер Стефано Пиоли му истекува договорот на крајот од актуелната сезона, а прв на листата на желби на челниците на Фиорентина е токму Ди Франческо.

Исто така Corriere dello Sport, пренесува декаво трка е уште и тренерот на Сампдорија, Марко Џампаоло, Роландо Маран и тренерот на Сасуоло Роберто Де Зерби.

Инаку, Ди Франческо ја водеше Рома од летото 2017. година, а пред тоа беше шеф на стручните штабови на Пескара, Лече и Сасуоло.