Живот меѓу два Џанлуиџи


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Агентот на Матеа Перин смета дека Донарума има предност во репрезентацијата само затоа што брани во Милан.

    Менаџерот на Матеа Перин верува дека на Џанлуиџи Донарума му требаат неколку сезони со цел да го достигне нивото на неговиот клиент.

    Многумина голманот на Џенова го видоа како наследник на Џанлуиџи Буфон во репрезентацијата на Италија, но тој досега одигра само еден натпревар во дресот на Аѕурите.

    „Донарума ја искористи предноста затоа што брани за Милан, затоа го прескокна Перин во хиерархијата.

    Кога се гледа играчкото искуство, Перин повеќе заслужува. Донарума е одличен голман, но ќе му биде потребни уште неколку сезони да го достигне сегашното ниво на Перин“, рече Матео Роџи за ТелеЏенова.

    Проблем за овој голман е што се најде меѓу два Џанлуиџи.

    Перин има само 24, но во репрезентацијата на Италија има историска конкуренција во вид на два одлични голмани. Ќе мора да се борат за своето место“, рече Роџи.

    Донарума со 17 години веќе дебитираше за репрезентацијата на Италија и со тоа стана најмлад играч уште од 1911 година кој е повикан во националниот тим на Аѕурите.